Боговиње станува ново жариште нa Ковид 19, 10 луѓе се позитивни и 156 во изолација

by Фокус

Во тетовско Боговиње најмалку десет пациенти испаднале позитивни на корона вирус откако вирусот претходно бил утврден кај еден матичен лекар. Позитивни наоди има и кај членовите на неговото семејство и кај други вработени во ординацијата, а 156 лица кои го посетиле лекарот се во изолација.

На последната прес-конференција, и министерот Венко Филипче рече дека Боговиње е новиот фокус на вирусот, потврдувајќи 10 дијагностицирани и 156 во изолација.

-Во овој дел од Полошкиот регион, во однос на интервјуа, пристапот до пациентите и нивните контакти е целосно под контрола. Но, ги разгледавме барањата и за сите барања што се пред нас, ќе се донесе одлука деновиве – изјави Филипче.

Поврзани новости