Димитриевски: Ме зачуди изјавата на Филипче, јас би прашал зошто толку доцнат резултатите од тестовите?

by Фокус

Мене ме чуди како тоа министерот Венко Филипче не знаеше дека членовите на болницата кои што ги посети пред некој ден исто така беа тестирани и чекаа резултати, а он ги посети тогаш и не реагираше вака како што реагираше денеска, вели кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, откако Филипче изјави дека доколку пред вчерашната средба знаеле дека членови на кумановскиот кризен штаб се тестирале за Ковид 19 поинаку ќе постапеле.

-Информираност треба да има во рамки на министерството, бидејќи министерството е тоа кое што го зема брисот, министерството  врши анализа и органи кои се директно под министерството го даваат резултатот. Моето прашање е зошто тестовите за штабот и општо Кумановци доцнат толкав долг временски период, а не се добиваат пронтно од ден на ден. А логично е кога ќе ви земат брис да добиете резултат веднаш – изјави Димитриевски на Алфа ТВ.

Коментирајќи ги владините пораки дека ставањето на Куманово во карантин ќе одземе големи ресурси а ефектот би бил неизвесен, тој рече дека Македонија како држава е должна да обезбеди ресурси и капацитети за непречено справување со епидемијата. Доколку не може да го стори тоа, порача градоначалникот, државата треба да побара помош.

Поврзани новости