Богов: Нема да се оствари предвидениот економски раст

by Фокус

Гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов, денеска соопшти дека веќе е сигурно дека предвидениот економски раст нема да се оствари и дека последиците од политичката криза веќе се чувствуваат.

-Ние во април излеговме со проекција од 4,1 процент економски раст за оваа година. Веќе е јасно е дека тој нема да се оствари, односно ќе биде понизок. Во моментов ги работиме проекциите и за недела до две ќе излеземе јавно да кажеме колку се нашите најнови очекувања за економскиот раст за оваа година, а и за наредната, ијави Богов.

Тој додаде дека политичката неизвесност негативно влијае и се надева дека брзо ќе се надмине оваа ситуацијата, бидејќи  на економските агенти потребна им е извесност и стабилно окружување за работење.

Поврзани новости