376
Евентуалниот влез на земјата во јули во НАТО ќе има позитивно влијание на домашната економија, смета гувернерот на Народната банка Димитар Богов.
-Со влезот би се надминала политичката нестабилност која е константа во Македонија и би се создале постабилни услови за економијата – вели Богов.
Според него, од почетокот на годината до сега стапката на извоз е многу висока, а тоа, вели тој, главно е резултат на производствените капацитети во слободните економски зони.
-Значи, оние многу критикувани капацитети го водат извозот и со тоа веројатно ќе имаат значаен придонес врз економскиот раст годинава – изјави Богов.
Големината на инвестициите годинава, истакнува тој, ќе зависи пред се од тоа дали е вратена довербата во реалниот сектор.