Богов: Еврообврзницата ќе ги покрие потребите до средината на 2016

by Фокус

Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов рече дека еврообврзницата од 270 милиони евра ќе ги покрие потребите на државата до средината на идната година. Ова тој го изјави во емисијата „Економски магазин“.

-Мора да постои некој баланс во финансирањето од домашни и странски извори, овој износ кој сега се зема е навремено и тој ќе ги покрие потребите до средината на идната година. До тогаш не очекувам проблеми да се појават во овој сегмент, рече Богов.

Што се однесува до новото редовно задолжување најавено за вторник, како и можноста заменик-министерот за финансии, Кире Наумов да стави вето, Богов рече дека ова задолжување најверојатно е предвидено во Буџетот кој се гласа во Собранието.

-Ние имаме буџет кој е донесен и во тој биџет е предвидено и финансирањето.Така што, како што се реализираат приходите и расходите така треба да се реализраат и ставките за финансирање. Тоа задолжување веројатно е предвидено во буџет кој е донесен од Собранието, рече гувернерот Богов.

Поврзани новости