Промоција на книга од областа на финансиите

by Фокус

Новата книга од Елдин Добрачиќ, насловена „Диманична интеракција на меѓународните фиансиски пазари“, е голем придонес во областа на квантитативните финансии, бидејќи таа ја пополнува сериозната празнина на стручна литература, како во земјава, така и во соседните држави од просторот на бивша Југославија, беше кажано на денешната промоција на книгата во просториите на ФОН.

„Главниот акцент во оваа монографија е ставен токму на природата на интеракцијата на финансиските пазари, поточно нивните односи на одредена фрекфенција на податоци. Во воведот, авторот детално ги дефинира финансиските и девизните пазари. Како посебен дел во книгата е направена анализа на некои земји од југоисточна Европа кои се споредуваат со финансиските пазари на Германија и САД. Резултатите од истражувањето во однос на фрекфентната зависност на финансиските пазари се од големо значење за една држава поради тоа, што одредни разработени показатели можат да послужат како индикатори за развој како на краткорочен така и на долгорочен план“, стои во соопштението од промоцијата водена од професорката Ирина Чудовска.

Инаку, рецензенти на овој труд се професорите Суад Бечирович, Ректор на Меѓународниот
универзитет во Нови Пазар и Никола Градојевиќ од Факултетот за Економија и
финансии на Универзитет Гелф во Онтарио, Канадам а промотор во државава беше Мирко Трипуновски, декан на Економскиот факултет при ФОН.

Поврзани новости