Отворено писмо до министерката Ременски

by Фокус 18:24
18:24

Г-ѓо Ременски, инаку овој случај засегнува нешто повеќе од двесте луѓе, јас ќе ви се обратам само во мое име од две причини.

Првата причина е таа што јас сум човек со стопостотно телесно оштетување, па од таа причина не сум во можност да ги исконтактирам за мислење или евентуална согласност за содржината на ова писмо, а втората не помалку битна причина од првата, е што многу од тие луѓе кои ги тангира оваа работа се членови или симпатизери на владеjaчката партија, па во никој сучај не би се согласиле (прeтпоставувам од пусти страв) со содржината на ова писмо, а уште помалку да се потпишат под истото.

- Advertisements -

Сега конкретно за случајот односно за мојот проблем.

Јас Спиркоски Ордан, бев вработен во Енергоинвест 11 Октомври подоцна Еуроламинати ДОО Прилеп, од 1979 година се додека таа фирма не отиде во стечај.

Имотот односно стечајната маса беше распределена така што делумнo требаше да ги обесштети вработените доставувачите и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување односно да ја подмири нашата обврска кон нив, по основ неплатени придонеси за пензиско инвалидско осигурување.

Раководителите, (за нив имам адекватен збор, но од пристојност и респект спрема медиумот овој пат ќе се воздржам) кои во меѓу време ги имаш повеќемина, а помеѓу нив најекспониран да неречам најбезобразен беше (иако сега не е раководител) и сеуште е Никола Габроски ,овде мислам на раководителите на подрачната единица Прилеп, одбија да го прифатат предлогот да бидат обесштетени од стечајната (земјиште,згради и опрема) маса туку бара обврската да биде платена во кеш, односно готовинска отплата.

Кога видовме дека со овие луѓе нема разбирање за нашиот (мојот) проблем решив(ме) правдата да ја бараме по судски пат.

Пред Основниот суд Прилеп поведовме судски спор (тужба) против Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, која постапка ја добивме, односно судот пресуди во наша полза со Решение ст.бр.126/02 од 18.12.2007 година.

Незадоволни од решението на Основниот суд Прилеп, Фондот за пензиско осигурување за истото поднесува жалба до Апелациониот суд Битола а жалбата со Решение ТСЖ.БР.159/2008 од 29.08.2008 година Апелациониот суд ја одбива неоснована и решението од Основниот суд Прилеп ст.бр. 126/02 од 18.12.2007 година СЕ ПОТВРДУВА.

На крајот поднесов и тужба до Управен суд Скопје против Владата на Република Македонија за решавање во втор степен по предметите од пензиско инвалидско осигурување, поради молчење на администрацијата која тужба Управниот суд ми ја отфрли.

Г-ѓо Ременски, јас сум човек со стопостотно телесно оштетување, а моето тричлено семејство егзистира само од мојата инвалидска пензија која изнесува 11.000 денари.

Со неспроведување на решението од Основниот суд Прилеп, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување еве каде осма година секој месец ми (краде) скратува од пензијатане каде од 2500 до 3000 денари па затоа од вас го барам следново.

Овој случај да го земете во разгледување, и согласно вашите овластувања, по Устав и Закон , а на чие почитување се обврзавте со вашата свечена изјава во Собранието на Република Македонија, да донесете законски праведна одлука.

Со почит,
Спиркоски Ордан
Прилеп

Поврзани новости