368
Еден од столбовите на она што се нарекуваше груевизам беше пропагандата базирана на лажни вести, а сепак добро спакувана, вели Петар Богојески од ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи ја пропагандата која ја ширеше претходната власт за своите успеси.
-Успеавме да го убедиме народот дека сме подобри и од Германија во економијата, за сега сами да констатираме дека Македонија е последна во Европа. Невозможни се такви осцилации – рече Богојески во вечерашното гостување на „1ТВ“ каде се зборува на темата „Дали има „заевизам“ во Македонија?“
Тој рече дека заевизмот е во зачеток додека груевизмот бил погубен.