Гелевски: Треба да одмориме малку од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, ни треба трета варијанта

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го окупираат целиот политички простори, ни требаат нови луѓе, основачот, главен и одговорен уредник на култниот портал „Окно“, Никола Гелевски. Во вечерашната дебата во „Печат на неделата“ на „1ТВ“ тој порача дека доминантните партии треба да се повлечат од политичката сцена и да отстапат простор на нови луѓе.

-Ни треба трета варијанта, зборам за активистички нивоа и покреативни начини на здружување. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ премногу го окупираат целиот простор, во нив повеќе нема енергија. Ни требаат нови луѓе, нови актери, нови начела за да се освежи политичката сцена. Тоа е и начин да се преземе одговорност за своето општество, а не само да се грижат за своите интереси – рече Гелевски.

Според него отвореноста на премиерот е и негова најголема грешка.

-Секој денеска може да се јави кај министер за било што, тоа е непотребно трошење на енергија. Заев направи грешка што го даде телефонот на илјадници луѓе. Тоа ја убива земјата и ја убива одговорноста на секој човек – рече Гелевски.

Поврзани новости