Богојески од Софија: Под жесток притисок сме сите кои ја поддржавме кампањата за референдумот

by fokus

Стигнавме до поларизација и до нова криза на идентитетот. Сите кои ја поддржавме алтернативната кампања, сме под жесток притисок. Сега се делиме на Македонци и северномакедонци, изјави поранешниот заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески, од Софија.

Богојески учествува на конференцијата „Бугарската и европската перспектива: Референдумот во Македнија“, организирана од Европскиот совет за надворешна политика со поддршка на Фондацијата Конрад Аденауер.

Според него и двете страни направиле грешки во процесот, владејачката со тоа што влегла во розев свет мислејќи дека нема да наиде на проблем интеграцијата кон ЕУ и НАТО, а опозицијата со етнонационализмот и со сатанизацијата на Преспанскиот договор.

Поврзани новости