За случајот со петкратното убиство на Смилковско Езеро невини лица лежат во затвор, изјави вечерва ексразузнавачот Слободан Богоевски во емисијата „24 Вести Отворено”
-Со законот за амнестија којшто го предлагаме, овие луѓе ќе излезат од затвор и случајот „Монструм” ќе започне одново, се додека вистинските виновници не бидат осудени.
Богоевски го опиша „Монструм” како политички конструиран случај за да се подигнат меѓуетничките тензии и да се влијае на тогашните избори.
Во емисијата на 24 Вести гостин беше и братот на еден од осудените лица за убиството кај Смилковско Езеро.
-На прашањето до судијата „Како ќе ги осудите кога знаете дека се невини?”, тој рече за тоа да ги прашаме тие „од горе”, што ги донеле овие луѓе пред него – рече тој.
Дека за „Монструм” не се казнети вистинските виновници верува и Љубе Бошковски, кој тврди дека во затворите има десетици невини осуденици.
-Овие луѓе лично ги запознав и не само нив и многу други кои се доживотно осудени, лежат во Идризово, а кои верувам дека се невини. A кои се мотивите и зошто некој можел да креира такво монструозно дело се надевам дека еден ден ќе биде разоткриено –рече Бошковски во „24 Отворено”.