Амди Бајрам: Чист сум како солза!

by fokus

Амди Бајрам вечерва одржа говор на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и „Коалицијата за подобра Македонија” во Шуто Оризари.

Тука, Бајрам порача дека не се плаши од ништо, бидејќи како што вели, чист е  како солза, а на Заев му рече по изборите го чека затвор.

-Мене, Амди Бајрам, ќе ме затворел, син ми ќе го затворел. А јас знаете што викам, нешто го влече Заев многу накај Шутка. А што е тоа? На влезот во Шутка што има? Е тоа го чека. Бранко го спаси еднаш, но овој пат нема да го спаси ..Амди еднаш си го заврши своето. Амди сега е чист како солза. Заев е нечист како канализација. Заев нема каде да бегаш, на суд мораш да излезеш- рече Бајрам.

Поврзани новости