Богоевски: Верувам дека Груевски или негови луѓе стојат зад објавување на снимката

by fokus

Објавувањето на снимката има за цел да се направи политичка штета на владејачката структура за ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт, вели пратеникот, Павле Богоевски, во интервју за неделникот „Фокус“, откако најави дека ќе поднесе оставка.

Богоевски во интервјуто открива што прво помислил кога ја слушнал аудио снимката која беше објавена на социјалните мрежи, кои биле неговите следни чекори, како ги доживуваше притисоците од страна на јавноста, а дава и свое мислење кој стои зад псевдонимот Илија Громовник.

БОГЕВСКИ: Профилите од кои беа објавувани снимките, локацијата која стоеше зад објавувачот, поточно Будимпешта, како и порталите кои први се нафатија да ја објават и да ја шират, ми укажува на тоа дека опозициски структури стојат зад оваа снимка.

ФОКУС: Со Будимпешта само Груевски можеме да го поврземе?

БОГОЕВСКИ: Или луѓе кои работат за него. Не мора лично тој да е, но дека е од луѓе кои ја имале седницата за мандатот на Груевски на ум кога ја објавувале снимката не се сомневам.

Целото интервју ќе можете да го прочитате во следниот број на „Фокус“, кој излегува во четврток навечер.

Поврзани новости