Македонија оди на висок пласман на квалификациите за ЕП, вели дефанзивецот Ристовски

by fokus

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски рече дека „црвено-жолтите“ имаат амбиции за висок пласман во квалификациите за Европското фудбалско првенство 2020 година.

– Ќе дадеме се од себе, иако знаеме дека ќе биде исклучително тешко против Полска која е најдобра репрезентација во нашата група. На нас е да се наметнеме, треба добро да се подготвиме, стручниот штаб работи на сите детали, го анализираме противникот и се надевам дека ќе бидеме максимално подготвени. Добра, компактна одбрана ќе значи и подобар напад, противникот сигурно ќе биде подготвен на сѐ, но ние во овие квалификации имаме цел, а тоа е да се бориме за висок пласман и да се обидеме да освојуваме бодови против секој противник, изјави Стефан Ристовски за веб-страницата на ФФМ.

Македонија на 7 и 10 јуни на Националната арена „Тодор Проески“ ги пречекува Полска и Австрија. По првите две кола „црвено-жолтите“ имаат четири бода.

Поврзани новости