Павле Богоевски од Шарената Револуција, Ивана Туфегџиќ од Студентски Пленум, актерката Синоличка Трпкова, универзитетскиот професор Ферид Мухиќ, ексамбасадорот Никола Димитров – ова се некои од граѓанските активисти, интелектуалци и непартиски лица кои се најсериозни кандидати да се најдат на пратеничките листи на СДСМ.
Од најголемата опозициска партија велат дека постојат иницијални предлози и за носители на пратеничките листи и за другите атрактивни позиции, меѓутоа, истакнуваат од таму, се додека не поминат на Извршниот и на Централниот одбор, пред да бидат прифатени на попладневниот Конгрес, можни се секакви промени.
Сепак, добро упатени партиски извори тврдат дека сите претходно споменати лица поминале добро на внатрепартиските анкети и анализи и влегле во најтесниот круг на кандидати за добитни места во опозициската листа, како дел од еден поширок натпартиски фронт кој треба да и се спротивстави на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните декемвриски парламентарни избори.
В.С.