430
Пратеникот на СДСМ, Павле Богоевски, од собраниската говорница истакна дека во со години во Македонија не владеело правото, но даде ветување дека набрзо сето тоа ќе се смени.
-Сакам да го видам Груевски зад решетки и останатите негови соработници, и сакам да ги вратат украдените пари, но приоритет ми е институциите официјално да го прогласат ваквото владеење за криминално, истакна Богоевски.
Тој додаде дека новата Влада ќе гради Македонија каде што нема да има ваши и наши, вмровци, соросоиди и комуњари.
-Граѓаните ќе станат сопственици на државата, а не нејзини клиенти. Заврши времето кога народот гледаше како досегашните газди ја крадеа државата, истакна Богоевски.