Мисовски: ВМРО-ДПМНЕ беше соучесник во ликвидацијата на мнозинството на чело со Заев

by Fokus

Пратеникот Горан Мисовски рече дека неговите колеги од ВМРО-ДПМНЕ се виновни за нападот врз пратениците на крвавиот четврток.

– Кој ќе ги покрие траумите на мојот син кој во пренос во живо гледаше како луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да не ликвидираат. Јас сум од Прилеп, таму велат: Ни срам, ни перде. Вие сте шести пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој зборуваше, а не почувствува потреба да се извините на пратениците. Фројдовски кажевте дека за малку ќе фалеле четворица министри во владата. Точно е, ВМРО-ДПМНЕ беше соучесник во ликвидацијата на мнозинството на чело со Зоран Заев. Ниту една дискусија од сите вас, тој срам нема да ве испере. Тоа е срам во историјата на ВМРО-ДПМНЕ – истакна Мисовски.

Поврзани новости