546
Поранешниот разузнавач Слободан Богоевски за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека од реформи во судството нема да има ни „Р“ сè додека, како што тој ги нарече, злосторничкото здружување на ДУИ е во власта, откако денеска преку неговите адвокати ја доби пресудата од Основниот суд Скопје 2, која е во корист на лидерот на ДУИ Али Ахмети и поранешниот вицепремиер Муса Џафери.
Тие го тужеа за клевета за неговата изјава како клучен сведок на Њујоршкиот суд против поранешните директори на Маѓар Телеком.
Богоевски најави жалба пред Апелацискиот суд Скопје. Тој од почеток негодуваше што првичниот судија кај кој со АКМИС се падна овој предмет беше изземен и на негово место беше поставен судија избран во времето на ДУИ кој ја донел пресудата.