Богоев: Уставни измени наместо предвремени избори

by Фокус

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев, оцени дека е многу пореално да се случат уставни измени и дека предвремени парламентарни избори нема да има.

-Неспоредливо поголема е веројатноста да има 80 пратеници за уставни измени, отколку да има 61 пратеник за распуштање на Парламентот и предвремени избори. Тоа е логично, затоа што од една страна фалат пратеници кои треба да се одважат и да го препознаат историскиот момент за државата, да гласаат и со тоа дополнително да го забрзаат евроинтегративниот пат и да останат запишани како луѓе кои направиле нешто добро на надворешно политички план – порача Богоев на Утрински брифинг.

Богоев истакна дека реториката на Христијан Мицкоски кој со години се фали дека само што не направил ново парламентарно мнозинство е единствено за внатрепартиска употреба, бидејќи, според него, тој е исплашен за својата фотелја во Белиот дворец.

Поврзани новости