Средбата во Тирана е за спас на Ковачевски и Ахмети, велат од ВМРО

by Фокус

Средбата која во вторникот ја имаа лидерите на партиите на Албанците од земјава со премиерот на Албанија Еди Рама, според ВМРО-ДПМНЕ, не била обична вечера по повод новогодишните празници, туку средба за спас на политичките кариери на премиерот Димитар Ковачевски и неговиот коалиционен партнер во Владата Али Ахмети.

„Дали Ковачевски треба да прифати нови национални предавства, или пак на маса му се ставени нови бизнис интереси на ДУИ? Нека се охрабри пиунот Димитар Ковачевски и нека каже што задачи доби од Али Ахмети и Еди Рама. Пиунот Ковачевски ќе прифати се што ќе му дадат, знаејќи дека неговиот рејтинг се движи во статистичка грешка и граѓаните секој ден се помалку и веруваат на оваа влада“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да има средби во други држави, според ВМРО-ДПМНЕ, власта треба да закаже средба со граѓаните на предвремени парламентарни избори.

Поврзани новости