Студентите и оваа академската година ја започнуваат со трошоци кои се поголеми од она што може да си го дозволат просечните македонски семејствата, реагираше денеска пратеникот и претседател на СДММ, Стефан Богоев.
-Минималната месечна плата во Република Македонија изнесува 10.080 денари, а минималните трошоци за живеење и студирање на студент сместен во студентски дом изнесуваат 10.277 денари. И тоа вклучува престој во студентскиот дом, купување на книги, трошоци за меѓуградски превоз за да може студентот да се врати во своето родно место и да ги види најблиските, како и храна и социјален живот. Сето вкупно 10.277 денари наспроти минималната месечна плата од 10.080 денари. Дополнително, во овој трошок не е вклучена сумата од партиципацијата која студентите ја плаќаат за студирање на факултет, образложи Богоев.
Тој додаде дека ова било резултат на „стиропорните политики на осомничениот економист Никола Груевски кој заедно со својата фамилија се богатат додека младите масовно ја напуштаат државата“.