Македонка освои злато на Параолимпијадата, ама за Хрватска

by fokus

Микела Ристоски вчера освои златен медал во скок во далечина на Параолимпијадата во Рио. Во категоријата на лица со потешкотии во интелектуалниот развој, Ристоски го освои првото место со скок од 5,79 метри. што е нејзин личен рекорд.

Микела Ристоски по потекло е од Македонија, но родена е во Хрвататска и на Параолимпијадата настапува за оваа земја.

Во 2012 година на Параолимпијадата во Лондон таа освои бронзен медал, а година претходно во Крајчестер (Нов Зеланд) го осви златото на Светското првенство во атлетика.

Поврзани новости