МОН: Студентите во време на СДСМ плаќаа повисока партиципација

by fokus 15:18
15:18

Невистинити и манипулативни се податоците изнесени на прес конференцијата на СДСМ во врска со високото образование и студентскиот стандард, реагираат од Министертвото за образование на прес конференцијата на Стефан Богоев од СДСМ за големите трошоци на студентите.

-Студентите и нивните родители се тие кои многу добро знаат дека значително ја намаливме и унифициравме партиципацијата за студирање на државните универзитети. Денес студирањето во државна квота изнесува 200 евра годишно, додека студирањето во квотата со кофинансирање чини максимум 400 евра – за разлика од минатото кога на власт биле денешните опозиционери, кога студентите плаќаа и по 1.200 евра годишно. Овие многукратно повисоки партиципации постоеја во истиот период во кој голем дел од граѓаните поради погубните политики на тогашната владејачка гарнитура предводена од СДСМ, останаа без работа и без никаков семеен приход, а за дефинирање на износ на минимална плата воопшто не ни стануваше збор, се вели во реакцијата на МОН.

 

Поврзани новости