484
Пред демонстрантите кои во моментов се наоѓаат пред Собранието на Република Македонија говореше претседателот на СДММ Стефан Богоев .
„Да може да го почувствува Груевски ова што јас меѓу вас тука го чувствувам, ве уверувам дека веднаш ќе си ги собере парталите и ќе си замине. Оваа Шарена револуција ќе ја паметиме и ќе биде нешто со што ќе се гордееме и ќе го прераскажувам на нашите деца, ќе кажеме: Да, и јас бев еден од тие што се бореа против режимот. Доста беше молк! Јас и мојата генерација не сакаме да живееме во држава во која студентите живеат со лебарки во студентски домови”- порача Богоев.