Богоев: Не сум кандидат за градоначалник или советник, Партизан е срцето на Карпош и им припаѓа на Карпошани

by irena 15:09
15:09

„Партизан е срцето на Карпош и им припаќа на Карпошани. Како еден од предводниците на иницијативата за спас, а потоа и заживување на култната сала “Наум Наумовски – Борче – Партизан”, не се согласувам со одлуката на Владата за преземање во владение на реновираната сала“, вели поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стефан Богоев.

„Впрочем, кога беше во владение на државата, Партизан беше доведен до распад и во опасност од рушење и градење на станбен комплекс на негово место. Токму по иницијатива на Карпошани, во мојот мандат успеавме да го вратиме во владение на општината, да добиеме идејни проекти од еминентни светски архитекти преку НВО “Културно ехо”, заедно со граѓаните го избравме најдобриот изглед и денес имаме модерна, мултифункционална и целосно реновирана сала.
Тврдам дека моделот кој го развивме за Партизан, ноќе да се изнајмува комерцијално за со парите да биде самоодржлив, а денски бесплатно да го користат учениците од Карпош е успешен модел и може да го менаџира само Општина Карпош“, пишува Богоев на својот профил на Фејсбук и додава:

„Токму тоа беше сонот на покојниот легендарен архитект Трајко Димитров, творец на Партизан и предводник во борбата за спас на салата. П.С. Не сум кандидат за градоначалник или советник. Постот е напишан со искрени, а не со задни политички намери“.

Советниците во Советот на Општина Карпош, со исклучок на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска на вонредна седница гласаа против одземањето на салата „Партизан“ од локалната самоуправа и побараа да се преземат сите правни мерки за да се спречи ваквата постапка на Владата. Градоначалникот Стевчо Јакимовски ги повика и карпошани вечерва во 19.30 часот да се соберат пред салата за да го искажат револтот поради одземањето на салата.

Слични вести