Од Социјалдемократскиот сојуз остро реагираа по информациите дека членот на државната изборна комисија Силвана Бонева за изминативе 6 месеци подигнала 12 илјади евра за патни трошоци.
-Тоа е перверзно и бескрупулозно, алчно и криминално однесување на блиската соработничка на обвинетиот криминалец Никола Груевски, со кое дрско им се потсмева на сиромашните во Македонија. Силвана Бонева стана симбол за коруптивното и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Додека 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија, со помалку од 40 денари на ден, богатењето на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините функционери не запира – вели Стефан Богоев, пратеник од СДСМ.
Тој порача дека по 11-ти декември сите што ги злоупотребиле парите на граѓаните и ги прекршиле законските прописи, ќе одговараат.