Прекршочни пријави за Сител и ТВ Нова

by fokus

Ад-хок телото за медиуми одлучи телевизиите „Сител“ и „ТВ Нова“ да добијат прекршочни пријави поради небалансирано известување.

Со тројца членови „за“ и двајца „против“, медиумскиот мониторинг на Агенцијата за медиуми ќе и предложи да поведе прекршочни против телевизиите.

Во извештајот на ТВ Сител се забележува дека информира за редовни активности, промовирајќи резултати и проекти кои се во функција на изборно медиумско претставување на политички субјект. Голем дел од забелешките се однесуваат на коментари, најавите и одјаите на уредникот водител со јасно заземање страна.

Во случајот на телевизија Нова се забележува негативно врамување на одредени личности и континуирано известување со позитивна рамка и позитивен тон за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и за носителите на власта.

Според членовите предложени од ВМРО-ДПМНЕ, Цветин Чилиманов и Слаѓана Димишкова одлуките се неосновани. Тие се пожалија дека работат со методологија спротивна на изборниот законик и дека е наметната од политичките парти.

Членот на ад хок телото Љубомир Костовски, предложен од СДСМ вели дека нема ништо спорно во поведувањето прекршочна постапка и дека сите медиуми се исти пред мониторингот.

За останатите радио-дифузери чие известување беше предмет на набљудување не беа констатирани прекршувања на Изборниот Законик.

Поврзани новости