Обвинетите во „Диво Насеље“ го бараат Ахмети за сведок

by fokus 21:34
21:34

Обвинетите за тероризам во случајот „Диво Насеље“ ќе побараат од судот во нивната постапка сведоци да бидат лидерот на ДУИ Али Ахмети и други политичари, потврди за Плусинфо адвокатот на обвинетите.

Тој денеска информираше дека има листа на луѓе, меѓу нив и политичари, кои планира да ги покани за да сведочат за, како што вели тој, невиноста на 37-те обвинети за тероризам и поткопување на уставниот поредок во Македонија.

- Advertisements -

Инаку, на денешното рочиште за случајот „Диво Насеље“, кое беше отворено за јавноста, исказ даде сведокот Мурат Љутфиу, повикан од Јавното обвинителство. Љутфиу раскажа за настаните од 9-ти мај и како што вели тој, кога ги слушнал истрелите излегол од дома и бил уапсен од полицијата без причина.

Судијката го прекина сослушувањето за адвокатите да го разгледаат исказот даден во претходна постапка, и потоа да го испрашаат сведокот.

Во изминатиов период пак, исказ дадоа вкупно 18 заштитени сведоци, а неколку рочишта беа затворени за јавност. Од денеска па во наредниот период одлучено е доказите што ги има државата, освен класифицираните, да се читаат усно и да им се објаснуваат на обвинетите, бидејќи не разбирале што пишува во доказниот материјал. Станува збор за над 4.000 страници срочени во пет папки кои според судот може да се читаат во следните неколку месеци.

Поврзани новости