-По завршување на натпреварот помеѓу Работнички и МЗТ, јас се обидов да им пристапам на играчите и да се ракувам со нив. Во тој момент, полицијата почна да ги турка луѓето, а јас ги прашав зошто. Тогаш, полицијата ме извлече, ме легна и ме истепа. После тоа, ме однесоа во полициска станица и веќе извесно време никој не ми кажува зошто сум приведен. Не знам дали ќе ми поднесат некоја пријава и за што, но јас после ќе одам на преглед и ќе извадам лекарска документација за повредите, изјави директорот на ЈП Паркинзи Центар, Саша Богдановиќ за Фокус, еден час по неговото приведување.
Очевидци коментираат дека немало инцидент од толкав размер за да има приведување. Во моментов, читатели ни пишуваат дека граѓани веќе се собираат пред полициската станица во која Богдановиќ е приведен. МВР се уште официјално се нема произнесено за настанот.
Инаку, натпреварот помеѓу МЗТ и Работнички заврши со резултат 83:82 во корист на тимот од Аеродром.