Богданов: Стразбур реши да го слушне мислењето и на нашиот Врховен суд

by fokus

Поранешниот владин агент во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, Костадин Богданов во вечерашното гостување на телевизија рече дека не е невообичаеното за Европскиот суд за човекови права да донесе одлука во делот на недопуштеноста и да отфрли жалба за неискористување на правните средства и во оваа фаза на постапката како во случајот со аболициите на Ѓорѓе Иванов.

-Сите разбравме што сака да каже Судот. Тоа е дека во оваа фаза не сака да одлучува мериторно во делот на амнестијата и помилувањето, односно сите оние жалбени наводи кои беа дадени од апликантите за повреда на членот 6 од аспект на правната сигурност и од аспект на владеење на правото, туку сепак се реши на некој начин да го почека и да го слушне мислењето и на нашиот Врховен суд, како највисок суд во државата, изјави Богданов.

Поврзани новости