418
Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Костадин Богданов во денешното гостување на 1ТВ рече дека во моментов во неговата партија дебатата за ставот за референдумот се одвива во две насоки.
-Едната опција е да им порачаме на граѓаните сами да одлучат дали да излезат на референдумот и како да гласаат и втората опција која се дискутира е да се повикаат граѓаните да гласаат против, вели Богданов.
Тој смета дека повикување на бојкот ќе биде грешка на ВМРО-ДПМНЕ, а според него тивок бојкот е уште полош отколку јавно повикување на бојкот.