По пет часа заврши сведочењето на Зекири: Тодоров беше исфрлен од салата, а Ѓорчев застана да ги брани колегите

by fokus

По пет часа распит, во Основниот суд Скопје 1 заврши сведочењето на пратеникот Мухамед Зеќири.

Тој по сведочењето изјави дека во текот на истрага го изјавил истото што го кажа и денеска пред судот. “Пред обвинителството не сум изјавил дека толпата народ влегла во Собранието поради револтот дека Талат Џафери е избран за претседател. Не знам дали е тоа адут на одбраната. Јас го кажав тоа што го видов и што го слушнав”, изјави Зеќири, пренесе НОВА ТВ.

Сведочењето помина во, на моменти тензична атмосфера, бидејќи обвинителството приговараше на речи си секое прашање на одбраната која се обидува да докаже дека обвинетите за “крвавиот четврток” не се виновни за тероризам.

Во своето сведочење денеска пред судот, Зекири кажа дека:

-Кога толпата беше најбесна се слушна истрел кој заврши на таванот. Тогаш толпата малку се смири но продолжи да напаѓа. Тогаш во салата влегоа пратениците Никола Тодоров кој беше турнат и исфрелен од салата, а Влатко Ѓорчев застана во првите редови да ги брани колегите, рече Зеќири.

Судењето продолжува со сведочењето на тогашниот пратеник, сега градоначалник на Скопје Петре Шилегов.

Поврзани новости