Трамп до Иванов: Македонија има многу причини да биде горда, Договорот од Преспа го отвора патот за ЕУ и НАТО

by fokus

Договорот од Преспа го отвора патот на Македонија до членството во НАТО и ЕУ, му напиша американскиот претседател Доналд Трамп на Ѓорге Иванов, по повод Денот на независноста -8 Септември.

-Македонија има многу причини годинава да биде горда. Историскиот Договор од Преспа го решава долгогодишниот спор за името со Грција и го отвара патот на Македонија за членство во НАТО и во ЕУ. Договорот и членството на Македонија во НАТО ќе ги зајакнат безбедноста, стабилноста и просперитетот во целиот регион. САД се подготвени да ја поддржат Македонија, особно во претстојните разговори за Вашето членство во НАТО. Им посакувам сè најдобро на македонските граѓани на овој посебен ден, напиша Трамп во честитката објавена денеска од Американската амбасада во Скопје.

Поврзани новости