Посериозна динамика во изградбата на автопатот Кичево-Охрид, по експропријацијата на сите делници, најавува министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
-Процентот на реализација на автопатот Кичево-Охрид по првиот проект изнесуваше 85 проценти, но по препроектирањето и сите дополнителни работи што се правеа, клучки, нови косини, процентот на реализација е 55 проценти. Вчера на терен имавме 230 градежни машини на Кичево-Охрид и 820 градежни работници. Динамиката оди по нагорен тренд на автопатот, што ме радува, но ќе продолжиме со отстранување на сите останати делници каде треба да се направи дополнителна експропријација и таму да продолжиме и да влеземе со уште посилна динамика – изјави Бочварски.
Според него, нормално е да има одложување на рокот за завршување на автопатот заради репроектирањата, косините, клучките и сите зафати кои се јавуваат.