Со заедничко сечење на големата пастрмајлија, синоќа во Штип министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и градоначалникот, Благој Бочварски, го означија почетокот на 13-то издание на манифестацијата штипска „Пастрмајлијада“.

И оваа година главни музички ѕвезди се оние од соседството. Вчера, петок беше резервиран за штипски артисти со групата Кентаур, Arre brothers band и завршната точка ја има Нокаут и Игор Џамбазов.

Во сабота(21.09) ќе настапуваат Мартинијан Кириловски и Антонија Гиговска и како главна ѕвезда Цеца Ражњатовиќ. Во недела(22.09) граѓаните ќе ги забавуваат со No End, Викторија Лоба и Tropico band.

Во недела ,,Пастрмајлијадата“ ќе заврши со пејачката од Хрватска, Данијела Мартиновиќ.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.