BMW X1 ја доби наградата „SUV на годината“

by Фокус

На свеченото доделување на наградите “Автомобил на годината во Македонија” кое се одржа вчера во Хотел Александар Палас престижната наградa „SUV на годината во Македонија” му беше доделена на новиот BMW X1.

Националното жири го награди баварскиот теренец пред се поради новитетите кои ги нуди, истакнувајќи го фактот дека ова е прв модел со изведба на преден погон, а неговата дизел изведба на пазарот се појавува со исклучителнo конкурентна цена веќе од 29.980 евра.

bmw1

-Оваа година BMW Group ја прославува својата 100 годишнина, со што признанието „SUV на годината во Македонија” претставува особена чест за импортерот М Кар кој е присутен на пазарот помалку од една година, истакна директорот Марко Јовановски при примањето на наградата.

Карактеристичниот BMW X1 е автомобил каде стилските карактеристики на концептот SAV (спортско активно возило) се сретнуваат со динамиката и атлетичноста на урбаниот начин на живот. Се карактеризира со моќно дефинирана силуета со долго меѓуоскино растојание и аеродинамична форма кои го зголемуваат возачкото задоволство. Ентериерот е од високо квалитетни материјали кој подржан со интиутивниот оперативен концепт ги третира своите патници на повисоко ниво.

Поврзани новости