421
Утрово полицијата го блокираше пристапот до местото каде вчера се урна патнички приватен авион со шест патници. Пристап до местото не им е дозволен ниту на новинарите.
На терен е тим на Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти. Комитетот е независно истражно тело формиран според обврските од потпишаната Конвенција на Република Македонија за Меѓународно цивилно воздухопловство.
Во авионската несреќа загинаа сите шест патници на авионот, од кои четворица биле италијански, а двајца косовски државјани.