555
Повеќе од три часа вечерва била блокирана делницата Ниш – Скопје за да помине претседателот на Македонија Ѓорге Иванов со придружбата, јавуваат граѓани на Македонија што биле запрени кај Ниш од српската полиција и седеле заглавени заедно со уште стотина возила, а пренесува СДК.
Автопатот бил блокиран во правец кон Македонија, а патот кај Грделичка клисура бил блокиран во двата правци – и кон Белград и кон Скопје.
Тоа предизвикало голема нервоза која неколку пати преминала и во расправија со српските полицајци. Тие им велеле на возачите и патниците во возилата дека им било речено оти македонските власти инистирале автопатот да биде целосно испразнет од возила „поради безбедносни причини“.