Милошоски се жали дека многу вмровци биле повикувани да дадат исказ во СЈО

by fokus

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес конференција на која се пожали дека во овој период Специјалното јавно обвинителство повикувало многу членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ да дадат исказ и им вршело притисок.

-Ваквите обиди СЈО да повикува што е можно поголем број на членови на ВМРО-ДПМНЕ и да ги принудува да дадат некакви лажни искази или изјави нема да помине и нема да успее да ги заплашат или демотивираат членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Членовите од тимот на Катица Јанева се служат со истите незаконски методи, со уцени и лажни ветувања, се убедуваат да ги натераат граѓаните да се дистанцираат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и да даваат лажни искази, како тече обично разговорот помеѓу некој од тимот на Катица Јанева и одредени луѓе кој што се повикани од ВМРО-ДПМНЕ, најчесто им викаат: „Никој нема да ти каже фала, доколку не дадеш соодветна изјава, биди паметен сега си повикан како сведок во СЈО и дај изјава како што ни е потребна, доколку не следниот пат ќе бидеш повикан како обвинет, тие нема да ти го гледаат семејството, ние можеме да ти помогнеме, ако дадеш добра изјава што ќе ни користи во обвинителството“, рече Милошоски.

Тој најави дека правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ ќе им помогне на сите оние кој што биле предмет на било какви уцени, закани или притисоци од СЈО.

Поврзани новости