Книгата за Субрата е хит во Индија

by Фокус

2Издавачот на книгата за Субрата Рој се надева дека само за два-три месеци ќе продаде меѓу 50.000 и 60.000 копии од делото наречено „Сахара: Нераскажаната приказна“. Книгата беше промовирана пред една недела во Мумбаи и според зборовите на издавачот, тоа што „Сахара“ во прв момент реши да ги тужи авторот и издавачот уште пред да излезе книгата ѝ донело само популарност на „Нераскажаната приказна“. Компанијата на Субрата подоцна ја повлече тужба и се договори со издавачот на страниците да се појави појаснување од „Сахара“.

Новинарот Тамал Бандопадјај за потребите на книгата истражувал шест, а пишувал два месеци и како што тој вели во групацијата на „Сахара“ има околу 4.000 компании од кои само четири работат транспарентно. Тоа бил и мотивот за да истражува и да пишува.

Субрата е во притвор уште од февруари, поради проблемите што ги има неговата компанија со индиската Комисија за хартии од вредност (СЕБИ) која го обвини за парабанкарство, односно дека надвор од банкарскиот систем собирал ситни депозити од околу 30 милиони Индијци. Комисијата во неколку наврати бараше тој да ги врати парите на „штедачите“, меѓутоа Рој тоа не го направи.

Промо-видео за книгата:

Еден од поранешните челници на СЕБИ, индиската Комисија за хартии од вредност рецензираќи ја книгата минатата недела посочи дека ова е само мал дел што може да се напише за империјата на Субрата Рој.

Поврзани новости