711
Блерим Река, кој беше независен кандидат поддржан од Алијанса за Албанците и БЕСА на претседателските избори во Македонија лани, ќе биде министер за европски интеграции во новата влада на Косово, која ќе ја предводи лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ), Албин Курти, јавуваат косовските медиуми.
Седницата на парламентот на која ќе се гласа новата влада е закажана за утре во 11 часот.
Владата на Курти ќе има 15 министри и 33 заменици-министри, што е големо намалување во однос на претходната влада која имаше 23 министри и околу 80 заменици-министри.