Црна Гора во одбрана на својата вера, 60.000 луѓе излегоа на улица

by fokus

Во главниот град на Црна Гора пеш стигнаа припадници на старите црногорски племиња Кучи, Мерниќи, Бјелопавлиќи, Братоножиќи и останати, јави „Б92“.

По неколку часа пешачење, некои и по 50 километри, тие пристигнаа пред Храмот на Христовото воскресение, а „Спутник“ пренесува дека е ова најголем собир досега во Подгорица и дека на него има околу 60.000 луѓе.

Атмосферата е убава. Многубројни литии тргнаа уште синоќа, некои утринава и во текот на денот, од разни краеви на Црна Гора. Соборени се рекорди во должината на литиите, а ќе биде урнат и рекордот за масовност. Црна Гора на најубав начин ја брани својата вера прадедовска“, изјавил за „Б92“ аналитичарот Лука Радоњиќ.

Отец Предраг Шќепановиќ рекол дека пред Соборниот храм во Подгорица пристигнале десетици илјади луѓе.

Литија!

Publiée par Радио Светигора sur Dimanche 2 février 2020

Поврзани новости