1.9K
Во армијата се случува војници да починат, меѓутоа не гледам зошто толку време се криеше и АРМ не ја извести јавноста за смртта на професионалниот војник, вели за „Фокус“ полковникот во пензија Благоја Марковски кој одреден период беше и портпарол на армијата.
Триесет и седумгодишен војник почина на работното место во саботата рано наутро, во еден часот по полноќ , а Генерал штабот на АРМ дури денеска се јави со соопштение за случајот.
– Не гледам оправдување зошто се криело од саботата и зошто веднаш не се известила јавноста, поготово што армијата е специфична дејност и вакви работи се случуваат. Излезе дека Генерал штабот беше ставен пред свршен чин и објави кога некој од колегите на починатиот напиша на Фејсбук – коментира Марковски.