Контроверзниот Султан демантира, не ги купувал хотелите на Субрата

by Фокус

sultan-of-bruneiПортпаролот на Султанот од Брунеи денеска ги отфрлил информациите на „Вол стрит џурнал“ дека султанот понудил 2 милијарди долари за трите хотели на Субрата Рој, двата во Њујорк и еден во Лондон.

Електронското издание на „Вол стрит џурнал“ во саботата, повикувајќи се на инсајдери, инфoрмираше дека инвестициска фирма блиска до власта во Брунеи понудила 2 милијарди долари за хотелите.

– Ниту неговото Височество, ниту Агенцијата за инвестиции на Брунеи, ниту пак владата на Брунеи се вклучени на било каков начин во купувањето на „Гросвенор хотелот“ во Лондон, и „Плаза“ и „Дрим“ во Њујорк – изјавил портпаролот на султанот во пишаното соопштение до медиумите.

Владетелот на Бруение е познат по законите коишто ги донесе неговата земја и кои предвидуваат каменување до смрт за хомосексуалците и за прељубниците, поради што многу организации од САД и од Европа повикуваат да се бојкотираат неговите хотели низ целиот свет.

Индискиот суд минатата недела му даде 15 дена на Сурбата Рој да ги финализира продажбите преку кои треба да собере пари и да ја плати сумата која му ја побарува тамошната Комисија за хартии од вредност и да излезе од притвор.

Поврзани новости