Благајник во болница секој месец сам си ја зголемувал платата

by fokus

Жител на струшкото село Драслајца доби кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, бидејќи го оштетил Буџетот на Завод за нефрологија над 342 илјади денари.

– Р.Л., во својство на благајник-вработен во ЈЗУ „Завод за нефрологија“ во Струга, во периодот од 2018 до 2022 година, секој месец во различни износи вршел незаконско зголемување на својата плата со што го оштетил буџетот на болницата стекнувајќи се со противправна имотна корист од 342.317 денари, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Поврзани новости