Бизнисменот кој го снимаше Заев не се појави на суд, одбраната ја оспорува снимката

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, дојде на денешното рочиште во Кривичниот суд во предметот во кој е обвинет за поткуп, но не се појави и струмичкиот бизнисмен, Иван Николов, кој ја направи тајната снимка, која е основ за покренување на обвинението.

Како што беше речено на судот, немало доказ дека поканата на Николов му била уредно доставена.

Рочиштето почна со барање на одбраната да се утврди дали имало наредба за тајно снимање и потоа да се премине на главната расправа. Адвокатите притоа се повикаа на пресуди од Судот за човекови права.

Заев во случајот „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште. Заев подоцна поднесе кривична пријава против Николов за нудење поткуп и за лажно пријавување.

Поврзани новости