Бизарно: Австралијка сакала да наштети на фарма, па ставала игли во јагодите

by fokus

Австралијанката која е обвинета дека ставала игли за шиење во јагоди во случајот на саботажа со висок профил, била мотивирана од „злоба“.

Судијката Кристин Рони рече дека Мај Ут Трин (50), која беше уапсена вчера поради сомнение дека ставале игли за шиење во кутии со јагоди, рече дека нејзин мотив бил „злоба или одмазда“.

Полицијата во Бризбејн утрово соопшти дека во јагодите со игли била пронајдена ДНК на Трин, која работела како надзорник на фарма за јагоди, јави Би-Би-Си. Судијката прецизираше дека таа во текот на неколку месеци ставала метални предмети во овошјето, а локалните медиуми тврдат дека таа сакала да предизвика финансиска штета на фармата каде работела.

Доколку биде прогласена за виновна, таа се соочува со казна затвор до 15 години.

Во Австралија во септември беше отворена истрага за да се открие кој става игли за шиење скриени во јагоди што се продаваат во маркетите и на пазарите ширум земјата. Инцидентите предизвикаа масовна паника во Австралија, а службите стравуваа дека можни се појави на имитатори на злоделото. Неколку брендови ги повлекоа своите производи, а најголемите синџири за продажба на овошје и зеленчук престанаа да продаваат австралиски јагои како мерка на претпазливост.

Одгледувачите на јагоди изразија загриженост дека ова скапо ќе ја чини индустријата што вреди околу 130 милиони австралиски долари годишно.

Поврзани новости