Битолските студенти премрзнаа на Техничкиот факултет

by Фокус

Студентите од Техничкиот факултет во Битола, кои веќе два дена окупираат, времето го поминуваат без парно и тоа во најстудените денови, информираат од битолскиот Студентски пленум. Во последните неколку денови, парното на факултетот се исклучува во 15 часот со образложение дека го плаќа факултетот, а не државата.

Од таму додаваат дека културно-едукативните настани се одржуваат од 15 часот до 23 часот кога на факултетот нема парно и дека тоа е голем проблем, бидејќи луѓето не можат да седат со кебиња додека траат настаните.

– Голем проблем се создава од 15 до 23 часот кога се одржуваат културно-едукативните настани и кога никој не може да седи со кебе. Се собираат повеќе луѓе и цело време се зборува за тоа колку е ладно, а не колку се добри или лоши настаните кои ги организираме ние – истакнуваат пленумците.

Студентите добиле грејни тела од солидарните граѓани, но кога ги приклучиле во просториите во кои спиеле првата ноќ, паднал електричниот систем.

 

Поврзани новости