Битолските советници се караат кој прв предложил мерки против загадувањето

by fokus

Денешната расправа во Советот на Општина Битола за справување со загадувањето, од самиот почеток наликува на пародија, пишува Мета. Власта и опозицијата се впуштија во дуел за тоа кој прв предложил мерки против аерозагадувањето.

Откако советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Олга Лозановска, излезе да ги образложи краткорочните и долгорочните мерки, нејзината колешка од опозицијата, Наташа Петровска од СДСМ, веднаш се побуни.

-Кој беше предлагач за оваа точка на дневен ред? Јас бев таа што ја побара оваа точка. Коректно е јас прва да ја образложам – рече Петровска од СДСМ.

За реплика се јави советничката Лозановска, која на говорницата излезе со тефтер и рече дека таа прва ги подготвила мерките.

-Тврдам дека се јавив кај претседателката дека и јас подготвував мерки за загадувањето, ги спремив, ама таа беше во Белград. Потоа јас бев дежурна на работа – се правдаше Лозановска.

Претседателката на Советот, Силвана Ангелевска, се обиде да ја смири ситуацијата, убедувајќи ги советниците дека „тука се сите за иста цел“.

Поврзани новости