Агим Нухиу е новиот министер за внатрешни работи

by fokus 15:16
15:16

Aгим Нухиу, кој во моментов е заменик министер во Министерството за внатрешни работи ќе стане прв човек во МВР откако Државната изборна комисија утре ќе го соопшти конечниот исход од изборите. Министерите  кои беа именувани согласно Пржинскиот договор, ќе се повлечат од функциите кои ги извршуваа досега.

За прв пат во историјата на Македонија, Албанец ќе раководи со Министерството за внатрешни работи, се додека да се состави новата Влада.

- Advertisements -

Агим Нухиу е роден на 24 август 1977 година во с. Слатина, Тетово.

 

Поврзани новости